25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа прв пат по два века, жена кандидат за министер за финансии...

За прв пат по два века, жена кандидат за министер за финансии на САД

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се очекува да ја номинира Џенет Jелен, поранешна претседателка на Управниот одбор на Федералните резерви, за министер за финансии и да ја врати на чело на Федералните резерви.

Со ова назначување, Бајден би ја срушил родовата бариера што постои во САД веќе 231 година, но исто така би назначил економист и експерт за пазар, а не финансиски експерт, за шеф на Федералните резерви, во време на економска криза невидена од периодот на „Големата депресија“, десетгодишен економски пад што ја уништи Америка меѓу 1929-та и 1939-та година.

Новиот шеф на Министерството за финансии треба да се фокусира на прогресивни решенија за два основни проблеми – растечката економска нееднаквост и климатските промени, принудувајќи ги приоритетите на администрацијата на Трамп во втор план – намалување на даноците и финансиски регулативи, дознава „Reuters“ од кругови поврзани со Претседателската кампања на Бајден.

Јелен (74) ќе му ги стави на располагање на Бајден своето децениско искуство и економска експертиза, како и угледот што го градеше во Конгресот на САД, во меѓународните финансиски и деловни кругови.

Таа ќе биде првиот американски службеник кој истовремено ќе ги предводи Министерството за финансии, Федералните резерви и одборот на економски советници во Белата куќа.

Очигледно, улогата на Јелен ќе биде главно политичка и економска, иако Федералните резерви традиционално се дистанцираат од партиската политика и интереси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП