29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск го престигна Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во...

Илон Маск го престигна Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во светот

Милијардерот претприемач Илон Маск го престигна Бил Гејтс и стана втората најбогата личност во светот само неколку недели откако го помина Марк Цукерберг.

Тоа значи дека само основачот на Амазон, Џеф Безос, е сега пред него во рангирањето. Во јануари тој се најде на 35. место на индексот на милијардери на Блумберг.

Богатството на Маск се искачи откако неговата компанија за електрични автомобили Тесла беше избрана да се приклучи на S&P 500 индексот.

Tesla ќе влезе во S&P 500, берзански индекс кој ги мери перформансите на 500 големи компании котирани на американската берза, на 21 декември.

Нето-вредноста на 49-годишникот милијардер се искачи за 7,2 милијарди долари на 127,9 милијарди долари, водена од растот на цената на акциите на Тесла, пишува Блумберг.

Милијардерот роден во Јужна Африка поседува 20 проценти од акциите на Тесла, кои забележаа раст за повеќе од пет пати досега оваа година.

Оваа година беше многу успешна година за Маск – кој виде како неговата ракетна компанија SpaceX испраќа четворица астронаути во вселената претходно овој месец, исполнувајќи го својот прв комерцијален договор со американската вселенска агенција НАСА.

Само оваа година богатството на Маск порасна за 100,3 милијарди долари.

Околу три четвртини од нето-богатството на Маск се состои од акции на Тесла, кои се проценети четири пати повеќе од неговиот удел во Space Exploration Technologies Corp., или SpaceX.

Како што стои, Tesla е веќе највредниот производител на автомобили во светот.

Тесла сега е повредна од Дизни, Тојота и Кока-Кола и има пазарна вредност од скоро 500 милијарди долари.

За да има право да се приклучи на S&P 500, една компанија мора да има седиште во САД, да има пазарна капитализација од најмалку 8,2 милијарди долари, да биде ликвидна и најмалку половина од нејзините акции да бидат достапни на јавноста, според Си-Ен-Ен. Компаниите, исто така мора да пријават добивка четири квартали по ред.

Тесла го пријави својот петти последователен квартал со добивка и приход во третиот квартал од 8,77 милијарди долари.

Позицијата број 2 на Маск значи дека Бил Гејтс го турка на трето место само по втор пат во последните осум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП