26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинески „револуционерен“ предлог: QR-код како здравствена потвдрда за патување

Кинески „револуционерен“ предлог: QR-код како здравствена потвдрда за патување

Кинескиот претседател Си Џинпинг предложи да се обнови патувањето по пандемијата „Ковид 19“ со „глобален механизам“ заснован на употреба на QR-код за утврдување на здравствениот статус на патниците, пренесуваат британските медиуми.

„Треба дополнително да ги усогласиме мерките и стандардите и да организираме „брзи патишта“ со цел да го олесниме уредениот проток на луѓе“, рече кинескиот претседател.

Кодот, рече тој, може да се искористи за препознавање на „здравствени потврди издадени врз основа на резултатите од тестовите со нуклеинска киселина“, се вели во транскриптот објавен од кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Кинескиот претседател го претстави предлогот минатиот викенд на состанокот на интернет на шефовите на држави и влади на 20 водечки развиени и економии во развој во Г-20, чиј домаќин беше Саудиска Арабија.

Тој не прецизираше детално како би функционирал таквиот режим, ниту до кој степен би го следел моделот на кинеските апликации за вчитување QR кодови, кои се користат за борба против вирусите.

„Се надеваме дека повеќе земји ќе се приклучат на овој механизам“, рече Си.

Во Кина е во сила програма од февруари, во рамките на која граѓаните имаат здравствен код во боите на семафорите. Зелениот сигнализира дозвола за патување, а жолтото и црвеното задолжителен карантин.

Технологијата е развиена од финансиско-технолошкиот гигант Ant Financial, а е достапна преку апликацијата на Alibaba – Alipay, но и на WeChat, чиј сопственик е конкурентот Tencent.

Активисти: Тројански коњ?

Активистите за човекови права во „Human Right Watch“ предупредуваат на проблематичните аспекти на предлогот на кинескиот претседател.

„Првичниот фокус на здравјето лесно може да се покаже како тројански коњ чија цел е политички надзор и исклучување“, напиша на Твитер извршниот директор на HRW, Кенет Рот.

Некои земји веќе ги видоа придобивките од користењето на оваа технологија во борбата против пандемијата.

Така, властите во Сингапур и Австралија го користат QR-кодот за да ги пронајдат контактите на заразените, а граѓаните го користат за резервирање во ресторани, влез во трговски центри, ресторани и работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП