Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примат вакцини против коронавирусот поради стампедото што ќе настане за овие лекови, рече директорот на Светската Здравствена Организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус.
Тој итно побара дополнителни средства, велејќи дека за глобалната програма за дистрибуција на вакцини потребни се уште 4,3 милијарди долари.

