9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКалифорнија дозволи самоуправувачко такси

Калифорнија дозволи самоуправувачко такси

Минатата недела им беше дозволено на такси компаниите во Калифорнија да користат самовозечки автомобили. Оваа одлука има за цел да придонесе за заштита на животната средина.

Властите во оваа американска сојузна држава, веќе неколку години работат на изготвување на нови прописи за автономни возила.

Превозниците кои сакаат да користат вакви автомобили, ќе треба да ги добијат потребните дозволи. Не се очекува ваквите возила брзо да ги преплават улиците на Калифорнија, бидејќи нивното регистрирање трае и до неколку месеци.

Калифорнија има најстроги прописи за употреба на автомобили што управуваат самостојно. Затоа превозниците не се многу задоволни, а 60 компании имаат дозвола за тестирање на возила, пренесува порталот Verge.

Претходно, владата на оваа сојузна држава донесе уште една радикална одлука, а тоа е да се забрани продажба на нови конвенционални автомобили од 2035 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП