19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 387 случаи заразени со коронавирус, починати 35 лица

Нови 387 случаи заразени со коронавирус, починати 35 лица

Нови 387 случаи на заболени од Ковид -19 се потврдени од направени 1176 тестирања во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се од Скопје -174, а двоцифрени бројки на заболени има во Гостивар -56, Тетово -26, Битола – 20, Штип -19, Куманово -17 и Велес и Прилеп по 12. Министерството за здравство попладнево информира дека се починати 35 пациенти од кои најмладиот е на 43-годишна возраст.

Најмногу починати има од Скопје – десет, четворица се од Гостивар, тројца од Куманово, по двајца од Прилеп,Битола, Берово, Кичево и Струмица и по еден од Штип, Тетово, Велес, Охрид, Кавадарци, Дојран, Радовиш и Кочани.Институтот за јавно здравје денеска регистрира 528 оздравени пациенти.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 55127, на оздравени 32894, а на починати 1546.

Бројот на активни случаи изнесува 20687.Од скопските општини најголем број на активни случаи има во Гази Баба – 1474, по што следуваат Аеродром со 1407, Карпош со 1188, Центар со 1180 и Кисела Вода со 1196 случаи. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП