петок, јануари 22, 2021
-3 °c
Skopje
3 ° пет
3 ° саб
6 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,748.70 -0.08%    BESK 6,100.00 0.81%    KMB 7,670.00 -0.32%    MPT 74,000.00 0.63%    TNB 18,800.00 0.03%    
Почетна КОРОНА

AstraZeneca тврди: Вакцината е ефикасна 90 проценти

ноември 23, 2020
во категорија КОМПАНИИ, КОРОНА
A A
AstraZeneca тврди: Вакцината е ефикасна 90 проценти
85
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

AstraZeneca денес објави дека резултатите од прелиминарната анализа на клиничките испитувања на вакцината за коронавирус покажала дека вакцината е многу ефикасна, што беше примарна цел, додека не беа пријавени хоспитализации или тешки случаи кај учесниците кои ја примиле.

Тие наведуваат дека со вакцината, два различни режима на дозирање покажале ефикасност, од кои едниот се покажал како подобар. Еден режим на дозирање покажал ефикасност на вакцината од 90 проценти, кога 1222 AZD е дадена како половина доза, проследена со целосна доза со растојание од најмалку еден месец.


Вториот режим на дозирање покажало 62% ефикасност кога се дава во две полни дози, со растојание од најмалку еден месец. Немаше сериозни несакани ефекти поврзани со вакцината и AZD 1222 добро се поднесува во двата режима на дозирање, тврдат од компанијата.

Тие напоменуваат дека детална анализа на прелиминарните резултати ќе биде доставена за објавување во меѓународно медицинско списание.

AstraZeneca веднаш ќе подготви документација за доставување апликации за регистрација на вакцини до регулаторните тела низ целиот свет.

“Овие наоди покажуваат дека имаме ефикасна вакцина која ќе спаси многу животи. Ние откривме дека еден од нашите режими на дозирање може да биде околу 90 проценти ефикасен. Ако се користи овој режим на дозирање, повеќе луѓе би можеле да бидат вакцинирани со количините кои се планирани за снабдување на вакцината“, рече професорот Ендру Полард, главен истражувач на тимот за испитување на вакцини во Оксфорд.

Извршниот директор на AstraZeneca, Паскал Сориот изјави дека ефикасноста и безбедноста на вакцината е важна.

Тој додаде дека ќе има едноставен синџир на снабдување за вакцината и дека компанијата вети дека ќе работи без профит, и вакцината ќе им биде достапна на луѓето ширум светот испорачана во стотици милиони дози по одобрувањето.

Вакцината може да се чува, транспортира и ракува на температура од 2-8 степени Целзиусови, најмалку шест месеци, што овозможува лесна употреба во рамките на постојниот здравствен систем.

Дали вакцината AstraZeneca ќе се прима секоја година?

Научниците кои ја тестирале ефикасноста на експерименталната вакцина против Ковид-19 на компанијата AstraZeneca, рекле дека тие не може да бидат сигурни дали вирусот ќе мутира на таков начин што ќе биде потребна повторна вакцинација секоја година, но дека сега за сега се чини дека е малку веројатно.

„Сè уште не знаеме дали овој вирус ќе мутира“, им рече на новинарите директорот на групата за вакцини од Оксфорд, Ендру Полард, на брифингот, додавајќи дека за тоа сè уште нема докази, објави Ројтерс.

На прашањето дали вакцината, која покажала приближно 70 проценти ефикасност според испитувањата во фаза III, веројатно ќе обезбеди долгорочна заштита, Полард рече дека се оптимисти дека имунолошкиот одговор може да трае најмалку една година, но дека ќе биде потребно повеќе време за да може да се даде каква било потврда за издржливоста на вакцината.

Џонсон: Вакцината е фантастична вест, но треба да се провери

Утрово британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека веста за новата, ефективна вакцина на компанијата AstraZeneca, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е „фантастична“, но дека е потребно да се спроведат дополнителни проверки на нејзината безбедност.

„Претстојат дополнителни проверки за безбедноста на вакцините, но ова се фантастични резултати“, рече британскиот премиер, пренесе Ројтерс.

Хенкок: Велика Британија планира да започне вакцинација пред Божиќ

Обединетото Кралство ќе се обиде да започне вакцинација против Ковид-19 пред Божиќ, со масовна вакцинација на почетокот на следната година, а по Велигден се очекува враќање во нормален живот, објави британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.

„Се надеваме дека ќе започнеме со вакцинирање следниот месец, масовни вакцинации од почетокот на следната година, во јануари, февруари и март, и се надеваме дека по Велигден, животот може да се врати во нормала“, рече Ханкок, пренесе Ројтерс.

Ханкок оцени дека веста за новата, ефективна вакцина на компанијата AstraZeneca, создадена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е одлична вест.

„Нарачавме 100 милиони дози и ако сè оди според планот, масовната вакцинација ќе започне следната година“, објави Ханкок, потврдувајќи дека ќе следат дополнителни безбедносни проверки на вакцината „AstraZeneca“ пред да се добие конечно одобрение за ставање во промет од релевантното регулаторно тело.

Тагови: астразенекавакцинаефикаснакоронавирус
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Започнува Скопска фото недела, врвни фотографи и кинематографи и награден фонд за учесниците од 100.000 денари

Следна Објава

ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во С. Македонија и регионот

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари
ЕКОНОМИЈА

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

јануари 22, 2021
7

Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани на...

Прочитај повеќе
Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право
ЕКОНОМИЈА

Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право

јануари 22, 2021
21

Над 70% од економистите и над 50% од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на Brainster На крајот на...

Прочитај повеќе
„Morgan Stanley“ ги зголеми своите профити благодарение на нестабилноста на пазарот
КОМПАНИИ

„Morgan Stanley“ ги зголеми своите профити благодарение на нестабилноста на пазарот

јануари 22, 2021
13

Профитот на „Morgan Stanley“ порасна во четвртиот квартал, надминувајќи ги предвидувањата, бидејќи деловната трговија на банката ја искористи нестабилноста предизвикана...

Прочитај повеќе
Биткоинот падна под 30.000 американски долари
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот падна под 30.000 американски долари

јануари 22, 2021
304

Биткоинот падна под 30.000 УСД во четвртокот, и продолжи да паѓа откако се зголеми за четири пати во минатата година....

Прочитај повеќе
Од 1 до 21 април во земјава ќе се спроведе попис на населението, домаќинствата и становите – прв по 19 години
ЕКОНОМИЈА

Од 1 до 21 април во земјава ќе се спроведе попис на населението, домаќинствата и становите – прв по 19 години

јануари 22, 2021
56

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

јануари 22, 2021
Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право

Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право

јануари 22, 2021
„Morgan Stanley“ ги зголеми своите профити благодарение на нестабилноста на пазарот

„Morgan Stanley“ ги зголеми своите профити благодарение на нестабилноста на пазарот

јануари 22, 2021
Биткоинот падна под 30.000 американски долари

Биткоинот падна под 30.000 американски долари

јануари 22, 2021
Од 1 до 21 април во земјава ќе се спроведе попис на населението, домаќинствата и становите – прв по 19 години

Од 1 до 21 април во земјава ќе се спроведе попис на населението, домаќинствата и становите – прв по 19 години

јануари 22, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Уште една голема марка се откажува од телефонот?

    Уште една голема марка се откажува од телефонот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Колку е богат новиот претседател на Америка

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Биткоинот падна под 30.000 американски долари

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 22.01.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 22.01.2021

јануари 22, 2021
431
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.3k
Следна Објава
ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во С. Македонија и регионот

ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во С. Македонија и регионот

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани