28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати цитати на Ворен Бафет

Познати цитати на Ворен Бафет

buffett

Како еден од најпознатите инвеститори во светот користи многу лесен речник кога зборува за бизнис и инвестиции:

 

1.Ова се најважните правила во светот. Правило број 1: Никогаш не губи пари. Правило број 2: Не го заборавај правило број 1

2.Бидете алчни кога сите останати се плашат

3.Бидете внимателни ако инвестициите почнуваат да се претвораат во шпекулации

4.Компанијата е поважна од цената- подобро е да се купи одлична компанија по фер цена, отколку фер комапнија по одлична цена

5.Вол Стрит е единствено место каде што луѓето се возат во Ролс Ројс, а слушаат совети од оние кои се возат во метро

6.Цената и вредноста не се исти.Цената е она што сте платиле, а вредноста е она што ќе го добиете

7.Не треба да сте генијалец за да работите на берза.Инвестирањето не е вид на игра каде некој со IQ od 160 ќе го победи оној со IQ од 130

8.Ако Исак Њутн бил запознаен со инвестициите ќе имавме и четврт закон на движење кој ќе гласи: За инвеститорите, повратокот се смалува ако движењето се зголемува

9.Лоши работи не се гледаат во добри времиња. Впрочем, после повлекување на плимата ќе сватите кој се капел гол

10.Вечноста е добар период за чување акции. Кога поседуваме удели во извонредни компании со извонредни менаџери, вечноста е наш омилен период за чување на тие акции

11.За инвеститорите најдобра работа е кога некоја добра компанија се соочува со повремени потешкотии. Сакаме да ја купиме баш кога е на ,,операционен стол”

12.Настојував да купувам акции од компании кои се премногу добри да би можеле да ги водат дури и идиоти, бидејки порано или подоцна и ќе ги водат.

13.Јас сум подобар инвеститор бидејки сум бизнисмен и подобар бизнисмен бидејки не сум инвеститор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП