29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите предупредуваат: На светот му се заканува „финансиско цунами“!

Банкарите предупредуваат: На светот му се заканува „финансиско цунами“!

Учеството на долгот на земјите во развој достигна скоро 250 проценти од БДП.

Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината поради понатамошно трошење на владите и компаниите како одговор на пандемијата на коронавирусот, проценува Институтот за меѓународни финансии (IMF).

Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји.

„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија може да се раздолжува во иднина без поголеми негативни последици врз економската активност“, се вели во извештајот, предупредувајќи на „напад од должничко цунами“.

Вкупниот долг на развиените земји, се вели во извештајот, скокнал на 432 проценти од БДП во третиот квартал, што претставува зголемување за 50 проценти во однос на 2019 година.

IMF додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80 трилиони долари оваа година, во споредба со 71 во 2019 година.

Што се однесува до еврозоната, долгот се зголемил за 1,5 трилиони на 53 трилиони долари. Сепак, тоа е помалку од рекордните 55 трилиони долари во вториот квартал на 2014 година.

Учеството на долг во БДП на земјите во развој достигна скоро 250 проценти, пренесува РТ. Либан, Кина, Малезија и Турција се соочуваат со најголемо зголемување на долгот во нефинансискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП