Времето наутро студено. По одделни котлини со појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

