20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус, Монсеф Слауи.

„Нашиот план е да обезбедиме вакцини на одредени локации за имунизација во рок од 24 часа од одобрувањето“, рекол тој во интервју за CNN.

Исто така додал дека се надева дека колективен имунитет би можел да се постигне до мај следната година.

„Со 95 процентно ниво на ефикасност, вакцинирањето ќе овозможи вистински колективен имунитет кај 70 проценти од населението. Тоа може да се случи во мај“, рекол Слауи.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ во петокот побараа од американската агенција за борба против лекови (FDA) да им ја одобри вакцината против Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП