19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот премиер е обвинет за „КУМОКРАТИЈА“

Британскиот премиер е обвинет за „КУМОКРАТИЈА“

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот секретар за здравство Мет Хенкок дејствувале незаконски, кога назначиле тројца клучни лица во здравството, а со оглед на тоа кој се е назначен, тврдењата дека владата спроведува „кумократија“ се уште „пожестоки“, пишуваат британските медиуми.

Поднесено е и барање за судска ревизија за назначувањето на барониците Дидо Хардинг и Кејт Бингам на две од трите клучни позиции во здравството кога станува збор за борбата против коронавирусот.

Тие беа назначени без оглас или јавен конкурс, на што инаку се инсистира кога станува збор за важни улоги во јавниот сектор, а поднесителите на барањето наведуваат дека биле назначени делумно поради нивните ториевски врски.

Двете се во брак со конзервативни пратеници во парламентот, а сите тројца се меѓусебно поврзани и имаат врски со семејството или познаниците на премиерот.

Тие исто така наведуваат дека владата е виновна за индиректна дискриминација на оние кои не припаѓаат на добростојни, претежно бели семејства, и тие исто така го доведуваат во прашање искуството на именуваните.

„Доколку случајот се покаже како успешен, тоа би значело дека британската влада добила сериозен прв удар кога станува збор за кредибилитетот и начинот на кој тие го решавале проблемот со пандемијата. Ова ги поддржа тврдењата дека министрите водат „кумократија“, објави Гардијан.

Подносителите на барањето не се обидуваат да ги отстранат назначените од нивните позиции, но бараат од судот да го прогласи нивното назначување за незаконско за да се стави крај на слични појави во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП