19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАгрокор остана без лиценца за откуп на грозје во Македонија

Агрокор остана без лиценца за откуп на грозје во Македонија

agrokor

Винаријата “Визба Валандово” од Валандово, во сопственост на Рото Групацијата од Загреб, која е дел од Агрокор, ја изгуби лиценцата за откуп на овогодинешното грозје поради неплатен долг на лозарите. Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, кој за прв пат јавно објави четири винарски визби кои поради неплатени долгови од минатата година ги загубија своителиценци за откуп на грозје оваа година.

Ова го демантираше директорката на винаријата “Визба Валандово”, тврдејќи дека лозарите се целосно исплатени, и дека поради “објективни причини е одложена исплатата на последната рата”. Верува дека ова “недоразбирање” со Министерството за земјоделство наскоро ќе биде решено.

Министерството за земјоделство, денес потврди дека “Визба” ја изгубила лиценцата, но наведе дека сите винарски визби може да ја обноват лиценцата доколку пред почеток на откупот ги платат заостанатите долгови и затезната камата која тече од 30 април, кога беше последниот датум за отплата на минатогодишното грозје.

“Визба Валандово” вообичаено купува околу 10 милиони тони грозје годишно и произведува околу 13 милиони тони вино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП