20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДебитираше новиот „Subaru BRZ“ (ФОТО/ВИДЕО)

Дебитираше новиот „Subaru BRZ“ (ФОТО/ВИДЕО)

Јапонскиот производител објави фотографии и технички детали од втората генерација на купето „BRZ“.

По неколку тизери, „Subaru“ откри како изгледа новиот „BRZ“, кој, како и неговиот претходник, беше развиен во соработка со „Toyotа“. Новиот модел има еволутивен дизајн, подобрена конструкција и нов атмосферски „боксерски“ мотор.

„Subaru“ ја модернизираше надворешноста, но и внатрешноста на автомобилот, кој сега изгледа поагресивно. Основните пропорции се задржани, па силуетата на купето наликува на првата генерација на „BRZ“.

Сепак, овој автомобил има подинамичен и поагресивен изглед од порано.

Производителот ја претстави верзијата за американскиот пазар на премиерата, а нејзината мала тежина е наведена како еден од главните адути.

Празното возило тежи 1.315 kg, благодарение пред се на обилната употреба на алуминиум. Од друга страна, самата конструкција е зајакната во споредба со моделот во заминување, така што новиот „BRZ“ има 50% поголема крутост на каросеријата.

Под хаубата се наоѓа нов, 4-цилиндричен 2,4-литарски атмосферски бензинец со 231 ks (170 kW) и 249 Nm.

„Subaru“ истакнува дека моторот е 11% помоќен од неговиот претходник, додека максималниот вртежен момент е зголемен за 15%.

Традиционалниот атмосферски „боксер“ се врти на високи вртежи, и црвено поле започнува на 7.000 вртежи во минута.

Силата се пренесува на задните тркала преку 6-степен мануелен менувач или опционален 6-степен автоматски. „Subaru“ сè уште не ги открива перформансите на овој автомобил.

Новиот „BRZ“ ќе се произведува во Јапонија, а на американскиот пазар ќе пристигне есента 2021-ва година. Засега не се зборуваше за верзијата која ќе се појави на европскиот пазар.

Се очекува автомобилот да се продава во САД по цена од 27.000 долари и повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП