26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс не предупреди: Тој кажа што не чека оваа зима (ВИДЕО)

Бил Гејтс не предупреди: Тој кажа што не чека оваа зима (ВИДЕО)

Основачот на “Мајкрософт”, милијардерот и филантроп Бил Гејтс во онлајн верзијата на познатото телевизиско шоу “Дејли шоу” ги предупреди гледачите на многу тешка зима поради коронавирусот.

Милјардерот објасни дека поради фактот што луѓето поминуваат повеќе време во затворено во зима, вирусот всушност поактивно се размножува.

Тој, исто така рече дека забележал дека луѓето имаат одреден замор со примена на сите правила поврзани со спречување на ширење на вирусот.

Водителот не избегна да го праша како ги коментира тврдењата на многумина дека всушност постои желба Бил да развие своја вакцина, како би можел по масовната вакцинација да влијае на луѓето низ целата планета.

Гејтс најпрво се насмеа, а потоа се обиде да даде сериозен одговор на ова прашање, каде меѓу другото рече дека вакцините му донеле многу придобивки на човештвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП