28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се штедело: Потрошени 14 милијарди долари на претседателските избори во САД

Не се штедело: Потрошени 14 милијарди долари на претседателските избори во САД

Учесниците на изборите во Соединетите држави потрошиле скоро 14 милијарди долари на своите кампањи оваа година, а во таа сума се вклучени трошоците за претседателските кандидати, но и стотици потенцијални членови на Конгресот.

Поради пандемијата, кампањата беше различна од вообичаеното, но политичкиот ангажман остана на високо ниво и биле донирани повеќе пари од кога било.

Само претседателските кандидати потрошиле околу 6,6 милијарди долари, што е повеќе отколку во двата претходни изборни циклуса заедно.

Најголемиот дел од парите биле потрошени на медиумско покривање, телевизиски реклами, дигитален маркетинг, плати на вработените во кампањите.

Бајден на стотици соработници им исплатил повеќе од 50 милиони долари, додека Трамп на своите луѓе 20 милиони долари.

Од друга страна, Трамп, на пример, издвоил повеќе од осум милиони долари за капи за неговата кампања.

Кога станува збор за борбата за места во Претставничкиот дом и Сенатот, стотици кандидати потрошиле вкупно рекордни седум милијарди долари на нивните кампањи.

Најголемиот дел од потрошените пари биле собрани преку донации, а околу 20 проценти од сите донации биле дадени од обични граѓани со доделување на 200 долари или помалку, а остатокот бил собран од богати донатори и разни други активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП