Светската здравствена организација (СЗО) го поздрави напредокот во пронаоѓањето на ефективна вакцина против коронавирус, нагласувајќи дека безбедните и ефективни вакцини се моќно средство во борбата против Ковид-19.
„СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, што е најризично“, соопшти организацијата на Твитер.

