29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да станете успешна деловна жена?

Како да станете успешна деловна жена?

Сите дами кои успеале во својата работа, не го постигнале тоа преку ноќ. Зад нив се години и години со макотрпна работа, но и тактизирања кои ги одржале на површината.

Како „да се продадете“ себе, но не и својата душа?

Ниту еден успех, па така ниту деловниот, не доаѓа преку ноќ. Токму затоа, освен многу труд потребно е и многу трпение. Потребно е одредно време да започнете да им докажувате на оние на кои е потребно, а и остантите во вашата деловна околина да слушнат за вашето име. Најдобриот совет кој можете да го слушнете? Не се срамете! Никогаш немојте да се плашите да се јавите на некого, да испратите мејл, да побарате совет, да кажете дека нешто не разбирате, да поставувате прашања точно и сл, но многу е важно да го послушате одговорот. Повеќето луѓе не умеат да слушаат, а тоа е непожелна особина, особено во деловниот свет.

Како да се однесувате меѓу злонамерните соработници?

Во секоја работа постојат колеги кои тешко се носат со конкуренцијата и туѓиот успех или се провлекуваат на сметка на туѓата работа и труд.  Со нив не е лесно да се носите, бидејќи никој не е способен да остане имун на такви работи. Никогаш немојте да се извинувате затоа што сте успешни. И верувајте во своите инстикти. Ако нешто ви се чини остварливо и верувате дека ќе ви донесе награди, направете го тоа и не слушајте ги другите кога ќе ви кажат дека нема да успеете. Исто така, научете да кажувате не. Состанок во петок во четири попладне? Може, но во 17 часот кога сте слободни. Никој нема право да ви го одзема вашето време.

Како да не си ја „затворите вратата на себе си“?

Обидете се да бидете добри со што повеќе луѓе. Никогаш не знаете кој на која позиција ќе дојде, кој со кој е добар, со кој ќе морате во иднина да соработувате… Не ги затворајте вратите со лошо однесување, туку негувајте ги добрите односи со другите, без оглед на вашата или нивната деловна улога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП