4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден раст на биткоинот

Рекорден раст на биткоинот

Вредноста на најпопуларната криптовалута – Биткоин, на најголемата берза на криптовалути „Бинанс“ се зголеми за речиси 10% и достигна 18.000 долари.

Според CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6,14 часот по средноевропско време, биткоинот пораснал за 9,78 проценти на 18,223 американски долари, додека на најголемата берза на криптовалути, Бинанс, пораснал за 9,95 проценти, до 18.328 американски долари.

Последен пат биткоинот достигна вредност од 18 000 долари на 19 декември 2017 година.

Уделот на биткоинот на глобалниот пазар на криптовалути е 66 проценти.

Независниот експерт Мансур Гусејев вели за Спутник дека биткоинот во последно време е во центарот на вниманието на банкарите и менаџерите на хеџ фондови, кои го нарекуваат новото дигитално злато.

“Купувањата на институционалните инвеститори ја зголемува цената. Во 2020 година, биткоинот го потврди своето право на место на финансискиот пазар и угледот на вредно средство, а не шпекулативна пирамида”, рече Гусејев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП