2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектронско пријавување на ДДВ до полноќ

Електронско пријавување на ДДВ до полноќ

e-danoci-500

Рокот за поднесување електронска ДДВ-пријава истекува вечер на полноќ, по што и официјално почнува да се применува новата законска обврска за тримесечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци која стапи во сила од 1 јули 2013 година.

Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.

За ненавременото поднесување на електронската ДДВ-пријава во УЈП, предвидена е глоба која достигнува до 3.500 евра во денарска противвредност.

Управата за јавни приходи очекува успешен старт на електронското пријавување на ДДВ преку е-Даноци и навремено исполнување на даночните обврски од страна на тримесечните обврзници, по примерот со големите компании за кои оваа обврска почна да важи од 1 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП