5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП