20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна година од појавата на инфекцијата која промени милијарди животи: Од нула...

Една година од појавата на инфекцијата која промени милијарди животи: Од нула пациенти до криење на важно откритие што можеше да спаси илјадници луѓе

Пред само 12 месеци, никој не слушнал за коронавирусот – вирус кој ќе се шири меѓу луѓето, ќе предизвика пандемија COVID-19 и ќе ги промени животите на милијарди луѓе.

Денес е една година од денот кога се верува дека започнува пандемијата. Имено, според некои извештаи, на 17 ноември 2019 година е регистрирано првото лице, т.н. нула пациент – 55-годишник од кинеската провинција Хубеи, кој се заразил со коронавирус.

Според извештаите во медиумите, неименуваниот маж е првиот познат случај на болеста COVID-19, според Мирор. Пет нови случаи на инфекција со коронавирус беа пријавувани секој нареден месец.

Покрај тоа, студија на кинески научници открила дека се споменуваат изразите „коронавирус“, „отежнато дишење“ и „САРС“ на WeChat, кој е кинески сервис за пораки, неколку недели пред да се потврди првиот случај

На 8 декември минатата година кинеската влада достави извештај до Светската здравствена организација за првиот потврден случај, а пренесувањето од човек на човек беше потврдено дури на 21 јануари годинава.

Вирологот Ши Женгли од Вухан беше надвор од градот кога доби информации за новиот вирус. Двајца пациенти имале невообичаен вид пневмонија и нејзиниот директор и рекол да остави сè што прави во моментот и да се врати за да го реши проблемот. За многу кратко време била качена на воз за Вухан.

Откритието останало скриено додека се ширел вирусот

За неколку дена, таа и нејзиниот тим ја откриле низата на гени на коронавирусот. Но, дури и тоа не помогна во обидот да се спречи ширењето на вирусот меѓу луѓето. Се прошири низ целиот свет и однесе стотици илјади животи, делумно затоа што откритието на Ши остана скриено некое време кога вирусот се пренесуваше од личност на личност.

Информациите за редоследот на гените беа објавени една недела подоцна. Ши открила дека станува збор за вирус идентичен со оној пронајден кај лилјаците во Јунан и дека може да поминат години за да помине низ светската популација.

Вирус сличен на претходно познатите

Идентитетот на нула пациентот никогаш не бил откриен. Епидемиологот од Вашингтон Џонатан Мајер, изјави дека првите случаи на коронавирус најверојатно се појавиле на почетокот на ноември. Сепак, тој исто така наведува дека е можно да немало прикривање од страна на кинеските власти, бидејќи вирусот е сличен на неколку други, претходно познати.

„Знаеме дека има извештаи за прикривање случаи на инфекција, а „свиркачите“ беа третирани доста сериозно“, рече Мајер. „Како по правило, знаците и симптомите на COVID-19 инфекција не се специфични дури и сега, без потврда со тестирање, и лесно е да се замени оваа со друга болест“, додаде Мајер.

Инфицирани повеќе од 55 милиони луѓе

Заклучно со 17 ноември минатата година, 55.079.810 лица се заразени ширум светот. Починаа 1.328.167 пациенти и закрепнаа 35.389.562 заразени. Најлоша е ситуацијата во САД каде се заразени 11,5 милиони луѓе. Потоа следат Индија со 8,8 милиони и Бразил со 5,8 милиони заразени.

Од 25 февруари годинава, кога е забележан првиот случај на инфекција, во Македонија се евидентирани вкупно 47.636 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.345 починале, а вкупно 27.803 оздравеле.

Една година по нула пациентот, светот сè уште се бори со ширење на инфекцијата, најавени се вакцини против коронавирус, а животот на милијарди луѓе значително се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП