Портпаролот на ЕУ Питер Стано вели дека Европа е подготвена и очекува „поголем дијалог и поблиска соработка“ со новата администрација во Вашингтон.
“Европа е подготвена за посилно пријателство и партнерство со Соединетите држави. Постојат многу области каде можеме да работиме заедно и каде имаме интерес за тоа. Кога станува збор за надворешната политика, зборувам за Иран, Русија, Либија, Блискиот исток, но исто така и на Балканот и Турција“, изјави Стано.
Во Брисел тие забележуваат дека „во минатото“, ЕУ и САД, кога и да работеа заедно, беа поефикасни и дека тоа се очекува и од идната американска администрација.