8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЖивот под вода на луксузен начин (фото)

Живот под вода на луксузен начин (фото)

Во последните неколку години, хотелите сместени под вода го освоија целиот свет…

Нудејќи ни спектакуларен поглед на светот под површината на водата, овие неверојатни проекти се луксузен и уникатен начин за уживање во мир и тишина. Сепак, доколку не сакате да поминете само неколку денови во вакво опкружување, постои и друго, поинтересно решение. Иако овие футуристички концепти делуваат како да се далеку од нас, „The Heart of Europe“ во Дубаи полека ги претвора во реалност со своите нови подводни домови.

Веќе следната година, 40 стаклени вили кои се креирани од архитектите на „JK Bauen Building Contracting“, „Wuchang Shipbuilding Industry Group Co. Ltd“ и „Sino Great Wall International Engineering Co. Ltd“, ќе се појават во близина на брегот на Дубаи. Како дел од „Heart of Europe“ одмаралиштата, секоја „Floating Seahorse“ вила ќе има површина од околу 400 м2 и ќе има три ката. Два од трите ката ќе бидат сместени над површината на водата, нудејќи поглед на океанот од своите сончеви простории и прекрасните тераси, опремени со лежалки, ал-фрско трпезарија и џакузи.

Овие катови над водата се неверојатни, но најниското ниво е тоа кое не прави сите среќни. Сместени под вода, овие нивоа ќе бидат во целост направени од стакло, нудејќи им на своите станари поглед на околниот морски живот, во кој ќе можат да уживаат од својот кревет или од својата када.

Покрај луксузните погодности и погледот кој го одзема здивот, овие вили, исто така, ќе имаат многу интересен пристап до потрошувачката енергија. Уникатната форма на изолација ќе заштеди околу 70 проценти од електричната енергија, правејќи ги уште поинтересни овие вили. Ако имате 2.57 милиони долари, една од овие вили може да биде ваша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП