20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна плата од 1.000 евра: Овој град може да се пофали со...

Просечна плата од 1.000 евра: Овој град може да се пофали со добар стандард

Во Загреб просечната плата се зголемила за 3,3 проценти во споредба со минатата година

Просечната нето-плата на вработените во Загреб за август 2020 година изнесува 7.730 куни (околу 1.000 евра), што е номинален пораст од 3,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Одделот за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на градот Загреб.

Во однос на просечната месечна плата на ниво на цела Хрватска, која изнесувала 6.723 куни, просечната исплатена нето-плата во Загреб за истиот месец била поголема за 1.007 куни (околу 130 евра), објави порталот Индекс.

Според податоците на Одделот за статистика, највисоката просечна нето-плата во Загреб за август е исплатена во дејноста екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 12.249 куни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП