24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 домашни рецепти од рен кои ПРОВЕРЕНО го лекуваат воспалението на синусите

3 домашни рецепти од рен кои ПРОВЕРЕНО го лекуваат воспалението на синусите

Ренот е најпознатиот природен лек против воспаление на синусите. Во нашиот народ постојат многу различни приказни за тоа како се подготвува рен за овој вид лечење, а ние ви претставуваме три рецепти кои ги користеле и нашите баби.

Облоги против воспаление на синуси

Во шише од половина литар се става изрендан рен, па до врв се полни со вински оцет, се затвора и се држи на топло 10 дена со често протресувсње. Се користи така што на секој час преку грлото на отвореното шише се вдушива по пет минути. Навечер од течноста се става на ткаенина и ткаенината се држи на челото или на вратот, во текот на ноќта. Треба да лежите без перница. Терапијата трае пет дена.

Сируп против воспаление на синуси

На машина за месо ситно се меле 50 грама рен, 20 грама корен од ѓумбир и 20 грама цикорија, па на тоа се додава лажичка цимет. Добиената мешавина се става во стаклена тегла и цврсто се затвора, па со повремено протресување десет дена се држи на топло. Секое утро, половина час пред јадење, се консумира по една кафена лажичка од оваа смеса.

Лековита пареа

Во тенџере се става топла вода да зоврие, а потоа се додава ренот и се вдишува пареата колку што можете повеќе. Резултатите ќе бидат видливи веднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП