29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо јавното признавање на поразот, Трамп се предомисли, објавувајќи ја негова победа

По јавното признавање на поразот, Трамп се предомисли, објавувајќи ја негова победа

Доналд Трамп не престанува да ја шокира јавноста. Откако објави на социјалните мрежи, каде го призна поразот, се предомисли и рече дека тој победи.

Имено, Трамп вчера за прв пат јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победи на претседателските избори, но исто така остана на својот став дека тие биле наместени.

“Тој победи затоа што изборите беа наместени. Набљудувачи не беа дозволени, а гласовите беа преброени од софтверот на радикалната левичарска приватна компанија Доминион, која има лоша репутација и лоша опрема и не може да се квалификува ни за во Тексас (каде убедливо го освоив!). Тој победи поради лажните медиуми и медиумите кои молчеа “, напиша Трамп на Твитер.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1328200072987893762

Сепак, тој брзо се предомисли. Тој најави дека планира да победи на изборите и дека не признава ништо.

“Тој победи само во очите на лажните медиуми. Јас не признавам ништо! Ни претстои долг пат. Ова беа лажни избори”, напиша тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП