19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија излезе од рецесија

Јапонија излезе од рецесија

Јапонската економија порасна за 21,4 проценти во периодот од јули до септември во споредба со истиот период минатата година, објави владата во понеделникот.

Владата објави излез од 12-месечната рецесија.

Економијата силно закрепна кога деловните активности продолжија и покрај пандемијата „Ковид-19“ и едномесечната вонредна состојба. Во периодот од април до јуни, активностите потонале за рекордни 28,8 проценти.

Личната потрошувачка скокна за 4,7 проценти во периодот од јули до септември, во споредба со претходниот квартал кога потона за 8,1 процент, се вели во владиното соопштение. Лошата вест е пад на инвестициите на компаниите за 3,4 проценти, втор квартал по ред.

Извозот пораснал седум проценти, откако во претходниот квартал потонал за 17,4 проценти. Увозот пак паднал за 9,8 проценти. Во периодот од април до јули пораснал за 2,2 проценти.

Економијата беше сериозно погодена од пандемијата на коронавирусот и зголемувањето на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) во октомври минатата година, од осум на 10 проценти.

Циклусот на постепено покачување на ДДВ започна во април 2014 година, кога владата на тогашниот премиер Шинзо Абе ја зголеми стапката од пет на осум проценти за прв пат по 17 години.

Абе поднесе оставка во септември поради здравствени проблеми, а за време на неговиот мандат, растот на економијата беше отежнат поради стагнација на платите и слабото потрошувачко расположение.

Трошоците на домаќинствата паднале во септември за 10,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, иако владата исплати 100.000 јени (956 УСД) на секој жител за да го поддржи закрепнувањето од пандемијата.

Досега, Јапонија успеа да избегне експлозивно ширење на инфекцијата, какво што бележат Европа и Соединетите држави. Тие забележале вкупно 119 илјади случаи на инфекција и околу 1900 смртни случаи поврзани со Ковид -19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП