19 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини како да побарате зголемување на платата

Неколку начини како да побарате зголемување на платата

payment_gateway_screen

Ако мислите дека одамна е дојдено време да побарате зголемување на платата, но вашиот шеф воопшто не се сеќава за тоа, тогаш е време да ги земете работите во свои раце. Еве неколку совети како да го направите тоа и еден совет како да не постапувате:

Подгответе се однапред

Најсигурниот начин е да си го загарантирате порастот на платата уште во фазата на вработување, евидентирајте го нејзиниот раст уште во договорот. Многу компании ги зголемуваат платите на своите вработени со растот на инфлацијата, но дури и вашата да не е таква, убаво е да се постави прашањето уште порано.

Поголемата одговорност и работа

Многу фирми отпуштаат вработени, а притоа префрлајќи ги обврските на преостанатите работници. Ако тешките времиња за компанијата почнат да поминуваат, можете да ги посочите новите обврски и да побарате да продолжите со истите и нормално со зголемување на платата. Се разбира, нема да успеете да добиете двојна плата, но сепак можете да издејствуваат дефинитивно зголемување.

Покажете што правите

Многу менаџери нагласуваат дека можете да се справите со работата, но не умеете да го продавате трудот. Пресметајте ја својата продуктивност и направете соодветен извештај за тоа. Покажете ги своите успеси и преведете ги во пари. Ова е комплицирана задача, но исклучително корисна кога се аргументира зошто всушност треба да добие повеќе пари за својот труд.

Планирајте

Објаснете му на  шефот што уште можете да постигнете, договорете се за конкретните рамки и за зголемување на платата, нормално кога ќе ги исполните поставените цели. Па работите нема да изгледаат како барање, туку како поволна понуда.

Статистика

Понекогаш работодавачот навистина не знае колку чини конкретниот труд. Испитајте ги предлозите во вашиот сектор и плати за нив. Ако се покаже дека платата ви е намалена, објаснете го тоа на вашиот шеф.

Ултиматум

„Зголемете ми ја плата или си заминувам!“ Ова е конечна одлука, но понекогаш излегува единствениот начин да се изборите за себеси. Бидејќи методот е ризичен, добро е навистина да имате во предвид нешто друго.

Како да не посакате зголемување на платата?

Не се оправдувајте со болест, кредит и зголемените трошоци. Сепак вие сакате зголемување на плата за својот труд, а не за финансиска поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП