6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево време со магла во претпладневните часови

Сончево време со магла во претпладневните часови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови со појава на магла, а околу пладне и попладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП