22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗРеволуција на „BMW“: „SUV“ со 500 електрични „коња“ и домет од 600...

Револуција на „BMW“: „SUV“ со 500 електрични „коња“ и домет од 600 km (ФОТО/ВИДЕО)

Баварскиот производител во јули го претстави својот прв „SUV“ на електрична енергија, моделот „iX3“, но тој автомобил беше заснован на „BMW X3“ кој за погон користи „SUS“ мотори.

Неколку месеци подоцна, „BMW“ покажа дека „iX3“ е тоа што би требало да го очекуваме – моделот „iX“.

Овој автомобил е базиран на концептот „Vision iNext“ од 2018-та, a германската компанија одлучи продукциската верзија да добие поедноставна ознака „iX“.

Според големината, „BMW iX“ претставува пандан на „SUV“ моделот „X5“, но има малку пониска силуета.

На предниот дел од возилото доминира големата, карактеристична маската, која баварците ја форсираат на новите генерации на своите модели, додека „LED“ фаровите и стоп-светлата се исклучително тенки и елегантни.

Внатрешноста е минималистички дизајнирана, со впечатлива форма на воланот кој има заоблена шестоаголна форма.

Поголемиот дел од команданата табла, речиси две третини, го зазема огромниот дигитален екран, кој се состои од две целини – лев, инструмент дисплеј и десен екран кој служи за мултимедијалниот систем.

Како што објаснува „BMW“, во „iX“ е вградена најсовремена технологија, вкучувајќи ја и петата генерација на електричниот „eDrive“ погонски систем со два електромотори кои испорачуваат 503 KS (370 kW), благодарејќи на кои возилото забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 5 секунди.

Моторите се снабдуваат со струја од батеријата со капацитет од преку 100 kWh.

Од „BMW“ велат дека батеријата обезбедува автномија на возење од преку 600 km, мерено според „WLTP“ стандардот.

„BMW iX“ може да користи и брзи полначи до 200 kW, што во превод значи дека за дополнување од 10% дo 80% на капацитетот на батеријата ќе биде потребно помалку од 40 минути, а само 10 минути полнење му овозможува на возачот да помине 120 km без застанување.

Доколку се користи „Wallbox“ полнач од 11 kW, процесот на полнење од 0 до 100% капацитет трае 11 часа.

„BMW“ не го откри точниот датум кога ќе започне сериското производство на моделот „iX“, но се шпекулира дека тоа ќе биде во втората половина од следната година. Автомобилот ќе се изработува во Германија, а првите испораки може да се очекуваат кон крајот на 2021-ва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП