26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете го овој еликсир за подобрување на крвта

Направете го овој еликсир за подобрување на крвта

Оваа комбинација од витамини го зголемува нивото на хемоглобин и ја подобрува крвната слика…

Оваа витаминска бомба или лековит еликсир исклучително е добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигнување на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика. Освен што е здрав тој е многу вкусен, а може да се користи во неограничени количини.

По две недели консумирање, проверете ја крвната слика и ќе се изненадите.

За подготовка на овој природен лек ви се потребни: 200 мл мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од моркови, 200 мл сок од цвекло и 2 лимони.

Измијте ги двата лимони и пресечете ги на половина и извадете им ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако се прскани – отстранете ја кората) и ставете ги во поголема тегла. Во смесата од мелен лимон додадете го медот, цедениот сок од цвекло и сокот од цеден морков, па помешајте.

Потоа додадете ги ситно исецканите или мелени ореви и сувото грозје. Повторно промешајте и ќе добиете околу 1 литар вкусна и здрава лековита смеса. Чувајте ја во фрижидер во стаклена тегла. Консумирајте ја три пати дневно по една лажица пред јадење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП