Времето претпладне со умерена до значителна облачност, по котлините и особено во Поардарието магливо. Од пладневните часови облачноста ќе се намали, а маглата ќе ослабе.
На повисоките планински подрачја ќе биде претежно сончево преку целиот ден. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

