25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна „Yaris“ со 260 „коња“: Колку чини новиот „hot hatch“ на „Toyotа“...

Пристигна „Yaris“ со 260 „коња“: Колку чини новиот „hot hatch“ на „Toyotа“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Toyota“ уште од почетокот на 2020-та го претстави новиот мал „hot hatch“, a требаше речиси една година овој мал автомобил да пристигне во европските продажни салони.

Станува збор за еден од најмоќните мали спортски автомобили на денешницата.

Потсетуваме, „GR Yaris“ за погон користи 3-цилиндарски 1.6- литарски турбо-бензинец кој произведува дури 261 KS и 360 Nm максимален вртежен момент.

„Toyota“ се пофали дека споменатиот мотор моментално е најмоќниот трицилиндарски во светот.

Моќта се пренесува на сите четири тркала по пат на 6-брзински мануелен менувач и погонот„ 4WD“ на „Toyotа“.

„GR Yaris“ од место до „стотка“ стигнува за само 5,5 секндуи, додека максималната брзина електронски е ограничена на 230 km/h.

Погонскиот систем нуди три режими на работа – „Normal“, „Sport“ и „Track“, при што распределбата на вртежниот момент по осовината може да биде во однос 60:40, 30:70 и 50:50.

Иако во основа е базиран на регуларниот „Yaris“, моделот „GR“ стилски доста се разликува од него, а има целосно различен систем на суспензија.

Покрај тоа, некои делови од каросеријата се изработени од лесен материјал, со цел да се заштеди на масата на возилото („GR Yaris“ e тежок 1.280 kg).

„Toyota“ на купувачите ќе им понуди и тркачки „Circuit“ пакет, во кој е вклучена подобрена суспензија и диференцијал со ограничено пролизгување, сет од 18-инчни суперлесни алуминимуски бандажи и „Michelin Pilot 4s“ гуми.

Покрај тоа, на располагање е и „Convenience“ пакетот за „цивилна“ употреба, со погодности како што се премиум „JBL“ озвучувањето, сателитска навигација, паркинг сезонри, амбиентално осветлување, „head-up“ дисплеј…

Нормално, задоволството при уживањето во возењето на еден ваков автомобил не чини малку, па љубителите на „hot hatch“ автомобили ќе мораат да издвојат најмалку 33.200 eвра, колку што изнесува просечната цена на „GR Yaris“ во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП