19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ пушта втора емисија на „SURE“ обврзниците

ЕУ пушта втора емисија на „SURE“ обврзниците

Европската унија (ЕУ) издаде втора емисија на социјални обврзници според инструментот „SURE“, соопштува Брисел. Вредноста овој пат е 14 милијарди евра. Овие пари ќе бидат искористени за поддршка на проекти за заштита на работните места во земјите од ЕУ.

Емисијата содржи два вида обврзници – со рок на достасување во ноември 2025-та година (8 милијарди евра) и со рок на достасување од ноември 2050-та година (6 милијарди евра).

И овој предлог помина со голем интерес, како што беше со првиот, се вели во соопштението од ЕК. Емисијата на петгодишни обврзници беше повторно претплатена 13 пати, а 30-годишните обврзници за 11,5 пати.

Побарувачката достигна 175 милијарди евра за петгодишни обврзници и 105 милијарди евра за 30-годишни обврзници при крајот на емисијата, според официјалното соопштение на банките вклучени во работењето – „BofA Securities“, „Commerzbank“, „Crédit Agricole CIB“, „DZ BANK“ и „TD Securities“.

Скоро две третини од емисијата на петгодишните обврзници беа купени од централните банки и фондовите за управување. 24% од изданите беа наменети за инвеститори од Велика Британија.

Германските инвеститори, кои купија 29% од емисијата, имаа најголем интерес за 30-годишните обврзници. На тендерот учествуваа управувачки фондови (38%) и пензиски фондови (23%).

Приносот на обврзниците со достасување во 2025-та година е -0,509%, а на оние што доспеваат во 2050-та година е 0,317%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП