9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронакризата нè направи штедачи (ИНФОГРАФИК)

Коронакризата нè направи штедачи (ИНФОГРАФИК)

Нивото на заштеда кај домаќинствата во ЕУ се зголемува со рекордно темпо во вториот квартал од 2020-та година, покажуваат експресните податоци на Евростат. Во периодот април – јуни, заштедите се зголемиле за 10,8 процентни поени на годишно ниво. Главната причина е намалувањето на трошоците на домаќинствата за 17,3 процентни поени.

Така, нето расположливиот доход на домаќинствата продолжил да опаѓа, забележан во првиот квартал од годината, но со побавно темпо од 4,9 процентни поени. Основата е намалување на приходите од плати во буџетот на домаќинствата (за 7,3 поени).

Слична е состојбата и во еврозоната – трошоците на домаќинствата во валутниот блок се намалиле за 15,3 процентни поени, што доведе до зголемување на заштедите за 10,6 процентни поени. Расположливиот доход на домаќинствата во еврозоната се намалил за 2,9 процентни поени во вториот квартал. Приходите од плата во земјите се намалил за 5,9 процентни поени.

Извор: Евростат

Од податоците со кои располага Еуростат, најсериозен раст на заштедите забележале Ирска (22 поени) и Шпанија (13,7 процентни поени). Само Шведска забележала пад, каде заштедите паднале за 0,6 процентни поени на годишно ниво.

Податоците на Евростат покажуваат соодветно намалување на трошоците на домаќинствата и тоа е највидливо во Ирска (скоро 24 поени) и Шпанија (22,8 поени). Трошоците на домаќинствата во Чешка и Данска се намалиле најбавно за 4,4, односно 7,7 поени.

Наспроти ова, стапката на инвестиции на домаќинствата во ЕУ и еврозоната опаѓа. Во вториот квартал, домаќинствата во ЕУ заштедиле 7,8 проценти од своите приходи, што е за 0,8 поени помалку. Во еврозоната падот беше од 0,9 поени на 7,9%. Најсериозна контракција е стапката на инвестиции во Ирска (-2,3 поени) и Франција (0,7 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП