20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет реченици кои ќе ви го променат животот

Десет реченици кои ќе ви го променат животот

Ова се 10 инспиративни реченици за подобро согледување на себеси и светот:

1. Никогаш ништо нема да промените ако и се спротивставувате на реалноста. За нешто да промените изградете нов пристап, покрај кој постоечкиот ќе изгледа застарено – Бакминистер Фулер, американски архитект и дизајнер.

2. Сите размислуваат за тоа да го променат светот, а никој не размислува да се промени себе – Лав Толстој, руски писател.

3. По една година, ќе посакате да сте започнале денес – Карен Ламб, американски писател.

4. Ако ништо не промените, ништо и нема да се промени – Тони Робинс, американски инспиратор и тренер за пронаоѓање на животната среќа.

5. Тешко му е на јајцето да стане птица, но уште потешко е јајцето да научи да лета. Ние сме слични со јајцата. Не можеме засекогаш да бидеме обично јајце. Или ќе се изведеме или ќе пропаднеме – Клајв Стејплс Луис, ирски писател и поет.

6. Променете се пред тоа да стане неопходно – Џек Велч, американски бизнисмен.

7. Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот – Нелсон Мендела, јужноафрикански политичар, револуционер и филантроп.

8. Светот кој што сме го создале е слика на нашите мисли. Не можеме да го промениме ако не го промениме начинот на кој размислуваме – Алберт Ајнштајн.

9. Не верувате дека мал број на луѓе на кои им е важно можат да го променат светот? Всушност, тој мал број на луѓе и го менуваат светот – Маргарет Мид, американски антрополог.

10. Не сме најсилните суштества кои постојат, ниту најинтелигентните, но ние сме најодговорните за промените – Чарлс Дарвин, британски научник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП