2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБосилек - моќна билка која може да ја користите како лек! Еве...

Босилек – моќна билка која може да ја користите како лек! Еве како…

Босилекот веќе со векови се користи во борбата против здравствените проблеми. Ви претставуваме 5 начини како можете да го употребите босилекот како лек:

– Истолчете шест до седум листови од босилек па помешајте ги со една лажица мед. Една лажица од добиената смеса внесена пред појадокот го зголемува имунитетот и ја намалува хипертензијата.

– Сварете една шака листови од босилек во еден литар вода. Процедете ја водата и пијте ја топла на секој половина час. Вашето грло ќе почувствува олеснување, а желудникот ќе ви се смири.

– Претходниот совет може да се употреби на уште еден начин, ако имате воспаление на кожата или неподносливо чешање, со цел да почувствувате моментално олеснување, натопете памук во оваа вода и нежно тапкајте го болното место.

– Слатко и прекрасно, етеричното масло од босилек помага при олеснување на воспалителни состојби, како што е болката во зглобовите или киселините. Познато е и по тоа што го изострува умот и го зајакнува нервниот систем.

– Нанесете неколку капки етерично масло од босилек на врвот на носот и слепоочниците па многу брзо ќе се ослободите од стресот и напнатоста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП