26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД за прв пат ги наведе климатските промени меѓу ризиците

ФЕД за прв пат ги наведе климатските промени меѓу ризиците

Глобалното затоплување може да предизвика ненадејни промени во вредноста на средствата, предупреди американската централна банка (ФЕД), наведувајќи ги климатските промени за прв пат меѓу ризиците по финансиската стабилност.

„Инвеститорите може нагло да ја променат својата перцепција за вредноста на реалните и финансиските средства како резултат на акутни ризици, како што се невреме, поплави и пожари“, објасни портпаролот на ФЕД, Лаел Брајнард во додатокот на полугодишниот извештај на централната банка објавен во понеделникот.

„Долгорочните ризици, како што се благ пораст на просечната температура и нивото на морето и постепена промена на очекувањата на инвеститорите во врска со овие закани, ја отвораат можноста за неповратни промени и значителни флуктуации во очекувањата“, додаде Брајнард.

Ненадејните промени во цените на недвижностите поврзани со природните катастрофи поврзани со климата ќе имаат последици на финансиските пазари, кои ќе бидат тешки за предвидување, пред се затоа што вистинската изложеност на климатски ризици не е доволно позната или недоволно документирана, предупредува ФЕД.

„Затоа е клучно да се подобри транспарентноста со подобар систем за мерење и стандардизирани извештаи“, додава Брајнард.

„Клучно е да преминеме од фазата на потврда дека климатските промени претставуваат значителен ризик за финансиската стабилност во фаза во која соодветно ќе ги процениме квантитативните импликации од тие ризици и ќе понудиме решенија“, рече претставничката на Федералните резерви на САД.

Извештајот на ФЕД беше објавен неколку дена откако кандидатот на демократите Џо Бајден го победи сегашниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, на изборите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП