6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканците претставија супер-компјутер

Американците претставија супер-компјутер

kompjuter

Американското воено воздухопловство претстави супер-компјутер, технолошко чудо, кое ќе се користи за симулација на експерименти и истражувања кои се премногу скапи или би можеле да ја загорозат животната средина, доколку навистина се случуваат.

Како што пренесуваат медиумите компјутерот се наоѓа во базата Рајт-Петерсон во Охајо и според својата конфигурација е седми по моќност компјутер во САД, а четрнаесети во светот.

Компјутерот може да пресметува 1500 трилиони операции во секоја секунда, а пристап до него ќе имаат околу 2000 луѓе кои работат во американското Министерство за одбрана ширум светот.

Исто така овој компјутер ќе може да го користат и другите припадници на воените родови на војската, како и вработените во останатите федерални агенции.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП