9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за катастар на недвижности нема да работи со странки на 26...

Агенцијата за катастар на недвижности нема да работи со странки на 26 јули

katastar_g11

Агенцијата за катастар на недвижности на целата територија на Република Македонија нема да работи со странки во петок, 26 јули, заради миграција на постоечкиот електронски катастар на нова хардверска и софтверска платформа, како и инсталација на нова надградена верзија на електронскиот катастар со вклучена графика.

Новата верзија на електронскиот катастар ќе биде во функција од 29.07.2013 година и со неа покрај досегашните услуги ќе се овозможи и издавање на копија од катастарски план во електронска и хартиена форма за првите дигиталнизирани катастарски општини од надлежност на Скопскиот катастар (КО Горно Лисиче, КО Чучер и КО Орман), веднаш на шалтер како и преку е-кат шалтерот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП