29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојче банк сака да ги прекине сите деловни врски со Доналд Трамп

Дојче банк сака да ги прекине сите деловни врски со Доналд Трамп

Дојче банк се обидува да се извлезе од кредитните аранжмани со Доналд Трамп, потврдија за Ројтерс добро упатени извори од банката.

Станува збор за 340 милиони долари, колку што е износот на трите преостанати кредити кои беа одобрени на „The Trump Organization“, со која сега управуваат двајцата синови на Трамп.

Иако кредитите доспеваат во 2023 и 2024 година, и иако нема стравување дека Трамп не би можел да ги отплати, банката сака да се повлече од зделката со Трамп во променетите политички околности по претседателските избори што ги доби противникот Бајден.

Претходно беше познато дека Дојче банк ги преиспитува своите односи со Трамп, но „неговата неодамнешна ревност да ги прекине сите врски и контури на дискусии во светло на изборите не беше претходно објавена“, се наведува во написот на Ројтерс.

Врските на Доналд Трамп со Дојче банк „траат подолго од кој било негов брак и се кријат во голема тајност“, забележува извештајот на Фајненшл тајмс за нивната врска.

Од 1998 година, банката му позајмила најмалку 2 милијарди долари на Трамп, изјави висок службеник на банка за Ројтерс.

Трамп должи, според проценките, не помалку од 1,1 милијарда долари на различни фронтови. Околу 900 милиони долари од тој долг ќе доспее во наредниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП