25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија е на пат да го блокира буџетот на ЕУ до 2027-ма...

Унгарија е на пат да го блокира буџетот на ЕУ до 2027-ма година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе стави вето на договорот на ЕУ за долгорочниот буџет на блокот над механизмот со кој се бара земјите да ги почитуваат европските правила за демократија, изјави извор во блокот, цитиран од АФП.

Европскиот совет во четвртокот соопшти дека е постигнат „привремен договор“ меѓу Германија, која е во ротирачко претседателство со ЕУ и Европскиот парламент за седумгодишен буџет од 1,1 трилиони и пакет од 750 милијарди евра за поддршка на земјите поради коронакризата.

Според унгарската новинска страница „mandiner.hu“, Орбан се заканил дека ќе стави вето на пакетот во писмото испратено до германското претседателство и другите европски лидери доколку плаќањата на земјите-членки зависат од владеењето на правото.

„Иако Унгарија е посветена на соработка, во светло на развојот на настаните по ова прашање, таа не може да обезбеди едногласност во потребна за пакетот усвоен во јули“, се вели во писмото испратено до претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и Чарлс Мишел, претседател на Советот на ЕУ.

Унгарската влада не одговори на барањата за коментар во врска со ова прашање.

Европски извор изјави за АФП велат дека писмото го примиле и Мишел и фон дер Лајен, како и Германија и Португалија, која ќе го преземат ротирачкото претседателство во јануари.

Во писмото, Орбан објаснил, „дека тој не може да се согласи на компромис за условите, бидејќи тој не одговара на пакетот договорен во јули“, изјави изворот за новинската агенција.

Во јули, водачите на ЕУ се согласија на владеењето на правото при одржување на маратонскиот самит. На тоа, тие се согласија за невиден пакет грантови и заеми за спас на економијата, која беше сериозно погодена од коронавирусот.

Сепак, европратениците се пожалија дека одредбата е премногу нејасна за да се осигури дека земјите од ЕУ добиваат пари во согласност со демократските правила – нешто на што жестоко се спротивставуваат Полска и Унгарија. Варшава и Будимпешта исто така остро ги критикуваа постапките на Брисел за нарушување на независноста на судството и правилата за миграција во двете земји.

Во изјавата во четвртокот, Европскиот совет наведе дека договорениот механизам „дозволува заштита на буџетот на ЕУ кога ќе се утврди дека кршењето на владеењето на правото во земја-членка влијае или сериозно го загрозува здравото финансиско управување со буџетот на ЕУ финансиските интереси на ЕУ на доволно директен начин“.

Според „mandiner.hu“, Орбан посочува дека „предложениот механизам за санкции се заснова на законски нејасни дефиниции како што се „кршење на владеењето на правото“. „Таквите тешки за дефинирање концепти создаваат можности за политичка злоупотреба и го кршат барањето за правна сигурност“, додаде тој. „Ако остане така, унгарската влада нема друг избор освен да ги отфрли другите елементи од јулскиот пакет“, рече Орбан.

Германија беше иритирана од позицијата на ЕП во врска со ова прашање, кога спасувачкиот пакет мораше да се деблокира под итно под втор бран на коронавирусот. Германските власти преговараа со европратениците во име на 27-те земји-членки да постигнат договор во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП