25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВториот карантин ја убива француската економија, се очекува пад од 12%

Вториот карантин ја убива француската економија, се очекува пад од 12%

Француската економска активност ќе биде за 12 проценти под вообичаеното ниво во ноември поради повторното затворање, што треба да го потисне новиот бран на инфекција со вирусот Ковид-19, објави денеска централната банка.

Според информациите, француската влада ги воведе мерките за затворање на 30-ти октомври, нешто поблага од минатата пролет, со цел да се ограничат последиците во втората економија на еврозоната.

Француската централна банка проценува дека економската активност ќе се намали за 12% во споредба со вообичаеното ниво. Во октомври беше за 4 проценти пониско, а во април, во времето на најстрогите ограничувања поради првиот бран на пандемијата, дури 31 процент.

„Пред вториот бран, мислевме дека активноста ќе падне нешто помалку од девет проценти. Сега очекуваме да падне помеѓу девет и десет проценти“, рече гувернерот на централната банка Франсоа, Вилерој де Галхау.

Повторното затворање најтешко ги погоди услугите кои бараат директен контакт со клиенти.

За да се процени влијанието на блокадата врз економијата, централната банка се потпира на месечно истражување во кое учествуваат 8.500 компании, а овојпат тоа беше спроведено помеѓу 28-ми октомври и 4-ти ноември, а 90 проценти од одговорите пристигнаа по започнувањето на новата блокада.

Повторното затворање ги погоди услугите кои најтешко бараат директен контакт со клиенти, со пад од 40% во трговијата на големо, мало, транспорт, хотелиерството и угостителството.

Активностите во индустријата треба да бидат „само“ седум проценти под вообичаеното ниво, а сличен пад се очекува и во градежниот сектор, соопшти централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП