7 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota C-HR“ го доби пакетот „GR Sport“ (ФОТО)

„Toyota C-HR“ го доби пакетот „GR Sport“ (ФОТО)

Јапонскиот производител на клиентите во Европа им го понуди кросоверот „CH-R“ со пакет опрема „GR Sport“.

„Toyota C-HR GR Sport“ ќе ја збогати понудата на овој кросовер на европскиот пазар од јануари 2021-ва година.

Спортската верзија на „C-HR“ ќе ја користи постојната моторизација, а во споредба со другите варијанти, возилото има подобрени системи на управување и суспензија, со цел да се подобри динамиката на возење, велат од „Toyota“.

„GR Sport“ се разликува и од остатокот од палетата по украсни детали однадвор, како што се црната маска на ладилникот и спортскиот сплитер на предниот браник, а автомобилот доаѓа исклучиво со 19-инчни алуминиумски тркала и 225/45 „Continental Premium Contact 6“ гуми.

Клиентите можат да изберат една од деветте надворешни бои, со тоа што покривот е црн. Верзијата „GR Sport“ се издвојува и по ознаките „GR“, како однадвор, така и од кабината за патници.

Седиштата можат да бидат тапацирани со алкантара и кожа, додека воланот и рачката на менувачот се тапацирани со кожа.

Стандардната опрема вклучува „JBL“ премиум аудио систем, предни седишта со електрично прилагодување и загревање, ретровизори за автоматско преклопување, затемнети задни стакла, безконтактно отклучување на возилото и долги „LED“ светла.

Како и остатокот од гамата „C-HR“, „GR Sport“ е опремен со најновата варијанта на безбедносниот систем „Toyota Safety Sense“, вклучително и помош при управување во итни случаи, функција за откривање пешаци, адаптивна круз-контрола за управување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП