Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници. Имено, Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња. Тоа му доаѓа како познатиот „генерциски јаз“ кај луѓето, само што тој кај слоновите различно се манифестира – замислете вашата внука да има 4 тони ?.
Во таквите периоди многу е важно двете слоници привремено да уживаат во прошетките одвоени една од друга. Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ.



