28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Хрватска е 743 евра

Просечната плата во Хрватска е 743 евра

hrv

Просечната нето исплатена плата во месец мај во Хрватска изнесуваше 743 евра (5.581 куни), што е за 1.9 проценти повеќе отколку во април, соопшти Националното биро за статистика.

На годишна ниво во споредба со месец мај 2012-та година, просечната нето плата е зголемена за 0.9 отсто, но се оглед на фактот дека инфлацијата во мај на годишна основа изнесуваше 1.6 проценти, реалните плати се во опаѓање.

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во мај беше 8.065 куни и номинално е зголемена за 2.2 отсто во однос со април месец.

Во споредба со мај минатата година, просечната бруто плата е повисока за 1.1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП