11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако денес би изгледала „Пегличка“? (ФОТО)

Како денес би изгледала „Пегличка“? (ФОТО)

Историјата на „FIAT“ ја одбележаа успешни мали автомобили. Дали ќе биде така и во иднина?

Носталгијата е чест мотивирачки двигател за дизајнерите, па затоа не е реткост тие да бараат инспирација за својата работа од минатото.

Иако „FIAT 126p“, кај нас попознат како „Пегличка“, според денешните стандарди на автомобилската индустрија, можеше да се класифицира како играчка, отколку како сериозен автомобил, овој модел своевремено овозможи моторизација за многу Европејци, особено оние од источниот дел на континентот.

Неговиот препознатлив изглед ги охрабри независните дизајнери од студиото „MA-DE“ од градот Комо да дизајнираат модерна електрична верзија на „Пегличка“.

Иако на прв поглед станува збор за успешна реинтерпретација на автомобилската легенда, големото прашање е дали „FIAT“ би имал слух денес, но и пресметка, да се обнови ваков модел, со оглед на тоа што во истиот сегмент веќе има успешни мали градски и „лајфстајл“ автомобили како што се „Panda“ и „500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП