Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 16 степени, јави УХМР.

