ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги ограничува провизиите на картичките

ЕУ ги ограничува провизиите на картичките

224510_kreditne-kartice-ap_f

Европската комисија предложи закон со кој ќе се ограничат провизиите при користењето на кредитните и дебитните картички.

Според соопштението на Европската комисија, ограничувањето на провизиите кои трговците ги плаќаат на банките секојпат кога потрошувачот ја користи картичктата би резултирало со годишна заштеда од шест милијарди евра и со тоа би ги намалиле цените на производите.

Предложено е провизијата за сите вредности на трансакциите кај дебитните картички да биде со максимални 0.2 проценти, а додека кај кредитните картички да изнесува 0.3 проценти.

За усвојување на овој предлог и натаму е потребно одобрување од Европскиот парламент и земјите членки на Европската унија.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП